Клоп: Триото Салах-Мане-Фирмино е незаменливо

Ливерпул има свои цели кои сака да ги оствари до крајот на оваа сезона, но во исто време треба да размислува и за тоа што ќе се случува потоа затоа што дел од сегашните играчи ќе си заминат.

По крајот на кампањата си оди уште еден играч од триото кое можеби беше најзаслужно за сите успеси на клубот во изминативе години-тоа е Роберто Фирмино. Минатото лето тоа го направи Садио Мане, сега е редот на Фирмино или поточно „црвените“ ќе останат само со Мохамед Салах од таа пеколна тројка која носеше титули на „Енфилд Роуд“.

„Не е можно тоа да се повтори (Салах, Мане, Фирмино) затоа што беше посебна врска. Тоа функционираше многу добро. Сите можеа да дадат 100 проценти, така би кажал. Системот што го најдовме за момчињата им помогна на сите, тие ќе гледаат на тоа на ист начин, -рече тренерот Јирген Клоп кој говореше за летните планови и можните засилувања на средината на теренот кои ќе треба да им помогнат на Стефан Бајчетиќ и Харви Елиот кои во иднина треба да имаат уште поголема улога во екипата. Ние точно знаеме што ни треба. Тоа не се смени. Јас не би рекол кога го започнавме планирањето во септември/октомври дека Стефан беше нужно вклучен во сите овие разговори, но секако дека е сега. Би било лудо да не е. Така беше секогаш и секогаш ќе биде. Ни требаат играчи. Ние сметаме на нив дефинитивно.

Добро е и има многу да се дојде од момчињата, и двајцата, добро е .. тоа е многу, многу корисно и прилично најважно, но тоа не значи дека не можеме да бидеме активни во текот на летото“; подвлече Германецот.