Реднап: Одегард во моментов е најдобар играч во Премиер лигата
Арсенал имаше убедлив настап во пресметката со градскиот ривал Фулам и со чисти 3-0 дојде до славје на „Кревин Котиџ“ со кое одново ја врати предноста од пет бода во однос на бранителот на трофејот во Премиер лигата-тимот на Манчестер Сити.
Ова беше дуел кој го одбележа Леандро Тросар со хет-трик асистенции, а една од нив беше наменета за капитенот на екипата, Мартин Одегард. Одегард со ова дојде до десеттиот сезонски гол во најсилната англиска конкуренција, плус зад своето име има шест асистенции што според Џејми Реднап е доволно во овој момент да биде најдобар играч од средината на теренот во ПЛ, поточно да го надмине Кевин Де Брујне.
„Сега тој е број еден, никој не е подобар. Обично велиме дека Де Брујне е најдобар играч од средината на теренот, не само во Европа туку и во светот. Ама нешто не е во ред во моментов, тој не игра на толку натпревари колку што посакува. Ама Одегард тоа го прави, тоа го имаа сите големи играчи,како времето да стои кога ја има топката. Повеќето играчи шутираат, особено оние од средината, бидејќи не сме навикнати да влегуваме во тие ситуации. Но смиреноста што ја поседува, даде четири или пет гола исти гола со левата нога. Тој е капетан, лидер. За мене тој е број еден [во Премиер лигата]. И тој го води овој тим. Другото нешто што го прави кога ја нема топката, тој оди и притиска. Тој е првиот, првата точка на одбраната, оди и притиска, а потоа одеднаш се фаќа. Тоа го прави толку добро“, порача Реднап.