Рафаел Леао добива големо зголемување на платата и нов договор во Милан

Португалската ѕвезда во дресот на Милан, Рафаел Леао, е близу да потпише нов договор со „росонерите“ и тоа со едногодишно продолжување на соработката. Според најавите, тој ќе добие зголемување на платата и ќе стане еден од најплатените фудбалери на Милан.

Италијанскиот првак не сака да чуе за продажба на Леао, иако веќе стигнаа понуди и од 100 милиони евра за напаѓачот. Преговорите меѓу двете страни за нов договор продолжуваат, а наскоро ќе има и конечен договор.

Според информациите, понудата на Милан е актуелниот договор кој истекува во јуни 2025 година да се продолжи за 12 месеци до јуни 2026, а Леао од сегашните 1,8 милиони евра да добие седум милиони евра годишно на име плата.