Емери го носи Пау Торес на „Вила парк“
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери сака да го доведе шпанскиот репрезентативец и дефанзивец на Виљареал, Пау Торес.
25-годишниот Шпанец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Емери одлично го познава бидејќи соработуваа заедно во Виљареал и сака да го доведе во Астон Вила, а англискиот клуб спремил понуда од 30 милиони.
Јувентус исто така покажува серозен интерес за Шпанецот, но Торес преферира преселба во Премиер лигата. Торес минатото лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, но сепак остана во Виљареал, а ова лето е спремен да ја промени средината.