Нант го смени тренерот Комбуаре

Фудбалскиот клуб Нант на четири кола пред крајот на шампионатот реши да го смени тренерот Антоан Комбуаре.

Од клубот соопштуваат дека функцијата прв тренер привремено ќе ја преземи Пјер Аристуј кој досегаше го водеше резервниот тим на Нант.

Францускиот клуб во моментот е на позицијата број 17 во првата француска лига и се наоѓа во зоната за испаѓање. Нант оваа сезона стигна до финалето во купот на Франција каде беше поразен од Тулуз со 5:1. Екипата нема победа на претходните 11 лигашки натпревари и до крајот на сезоната ја очекува голема борба за опстанок.