Кеси остава простор да се врати во Милан
Франк Кеси минатото лето пристигна во Барселона како големо засилување, но само после една сезона ќе го напушти „Камп Ноу“.
Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви. Чави исто така смета дека Кеси не се вклопува во неговиот стил на игра, па Барселона го стави на продажба.
Тотенхем покажува силен интерес за играчот за врска и е спремен да понуди 25 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода.
Меѓутоа, најголема желба на Кеси е да се врати во Милан и смета дека погрешил што си заминал од „Сан Сиро“.
Неговиот агент веќе имал средба со Малдини, но Милан е спремен да го доведе само на позајмица.