Томас Милер демантира дека заминува во пензија
Германските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер ја демантира веста во која се вели дека тој на крајот од сезоната ќе си замине од клубот.
Весникот Билд пред неколку дена објави дека Милер на крајот од сезоната сака да го напушти Баерн и дека германскиот репрезентативец размислува да стави крај на играчката кариера.
33-годишниот Милер е член на клубот од Минхен од 2000 година. Тој за Баерн има одиграно 664 натпревари и постигна 235 гола. Со клубот има освоено вкупно 31 трофеј.