Куртоа го издвои својот фаворит во финалето во Истанбул

Реал Мадрид уште кратко време ќе биде актуелен европски шампион, односно до 10 јуни каде круната ќе биде преземена од Манчестер Сити или Интер кои ќе го одмерат силите во Истанбул.

Околу својот фаворит во финалето се изјасни голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа кој обелодени дека ќе навива за тимот од Милано. Со оглед на тоа што неговите сонародници Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујне се инволвирани во мечот, Куртоа требаше да избере, посочи за кого ќе навива, а тој го избра напаѓачот.

„Се надевам Лукаку ќе ја освои ЛШ. Секако тоа е дуел негов со Де Брујне, ама Лукаку го знам малку подолго. Имам голема почит кон него“, порача Тибо.