Баерн му нуди на Јуве трампа Мане за Влаховиќ

Баерн Минхен со неверојатен сплет на околности успеа да ја освои 11-тата титула во низа во Бундеслигата, меѓутоа сите во клубот се свесни дека потребни се промени, посебно во нападот.

Барем според информациите на медиумите голема желба на баварците е Душан Влаховиќ. Се споменуваше сума од 80 милиони евра, меѓутоа во Баерн добиле нова идеја.

Новинарот на германскиот „Скај“, Флоријан Плетенберг најавува дека Баерн би можел да го понуди Мане за да го добие српскиот напаѓач.

„Душан Влаховиќ повторно е тема во Минхен. Тухел е луд по српскиот напаѓал, а Карл Хајнц Румениге одржава добри односи со Јувентус“; тврди Плетенберг.

Засега не е познато дали во Јувентус се заинтересирани за ваква трампа, пред се затоа што Мане е осум години постар од Влаховиќ, но и не е класичен напаѓач. Африканецот игра по десната страна која во Јувентус ја покрива Киеза.

Сепак се споменува и дека Алегри често игра со двајца напаѓачи, а во таква улога Мане би можел да биде корисен.