Мендилибар добива нов договор во Севиља
Раководството на Севиља му понудило нов договор на предводникот на тимот Хозе Луис Мендилибар по триумфот во Лига Европа, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.
Претседателот на шпанскиот клуб Пепе Кастро е задоволен од работата на 62-годишниот тренер и инсистира тој да остане во клубот и следната сезона.
Мендилибар е во Севиља од март. Под негово водство, Андалузијците го стабилизираа настапот во Примера и уште еднаш ја освоија Лигата на Европа, попатно елиминирајќи ги гигантите Манчестер Јунајтед и Јувентус, а во финалето триумфираа на пенали против Рома.