Интер Мајами доби милиони следбеници за еден ден откако го доведе Лео Меси
МЛС -клубот Интер Мајами, кој вчера и официјално го објави трансферот на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси , доби 1 милион претплатници на официјалниот клупски профил на Инстаграм, а тоа се случи за 12 минути по објавувањето на трансферот на ѕвездата на светскиот фудбал.
Да потсетиме, пред да ја прифати понудата на Интер, седумкратниот освојувач на Златната топка ги отфрли предлозите на Барселона и клубот од Саудиска Арабија Ал-Хилал, кои ветија дека ќе му исплатат на играчот 1,2 милијарди евра за две години.
Аргентинскиот напаѓач оваа сезона забележа 41 настап за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и 20 асистенции.