Французинот Ндика се договори со Рома
Рома постигна договор со дефанзивецот на Ајнтрахт, Еван Ндика, потврди новинарот Фабрицио Романо.
22-годишниот Ндика игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а оваа година се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.
Неговиот договор истекува на крајот на месецот и ќе замине како слободен агент, а за неговиот потпис интерес покажаа неколку европски клубови.
Рома ја победила конкуренцијата и постигнала договор со неговиот агент за 4-годишна соработка.
Трансферот ќе биде официјализиран во наредните денови откако дефанзивецот ќе ги мине лекарските прегледи.