Бекам го носи Ди Марија во Интер Мајами?
Интер Мајами вчера го потресе фудбалскиот свет со веста дека Лионел Меси треба да потпише за нив и покрај тоа што за него со бореа Барселона и шампионот на Саудиска Арабија Ал-Итихад.
Сепак, американскиот тим, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, нема намера да застане тука и сега е насочен кон уште една голема ѕвезда во европскиот фудбал – Анхел Ди Марија, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Соиграчот на Меси во националниот тим на „гаучосите“ стана и слободен играч откако не доби понуда за нов договор од Јувентус. Европа и понатаму е приоритет, а аргентинскиот крилен напаѓач има понуди од неколку различни тимови, а Бенфика е најупорна во моментов.
Но, и Мајами стапи во контакт со претставниците на играчот и ја достави својата понуда, а веќе најавеното привлекување на Меси е исклучително силен адут во нивна полза, бидејќи двајцата се блиски со Ди Марија. Тимот од МЛС продолжува да го брка Серхио Бускетс кој пред само неколку дена објави дека ја напушта Барселона.