Берарди пред потпис со Лацио

Лацио е на чекор до постигнување договор за купување на крилниот напаѓач на Сасуоло, Доменико Берарди.

Вчера беше објавено дека Лацио напредува во преговорите за Берарди и се чини дека оптимизмот денес е зголемен со последната средба која ја имале „лацијалите“ и преставникот на фудбалерот.

„Ил Месаџеро“ јавува дека Берарди ги прифатил условите за личниот договор со римјаните. Начено е постигнат е договор и со Сасуоло, кој веројатно ќе добие 20 милиони евра плус Матео Канчелиери.

Се очекува Берарди да потпише четиригодишен договор со Лацио вреден 2,5 милиони евра по сезона.