Ковачиќ од Челзи се сели во Манчестер Сити
Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ и дефинитивно го напушта „Стемфорд Бриџ“ ова лето. Според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо, Хрватот заминува од Лондон, но ќе остане во Премиер лигата.
Според информациите, тој се договорил со Манчестер Сити и дека клубовите допрва треба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето. Истиот извор наведува дека тоа би требало да се случи по финалниот натпревар од Лигата на шампионите, кој „граѓаните“ го играат против Интер утре во Истанбул.
Челзи е подготвен да го продаде искусниот играч за врска, а Ковачиќ е подготвен за нов предизвик во кариерата.