Првото засилување за новиот Реал доаѓа од Рајо Ваљекано

Реал Мадрид официјално го промовираше Фран Гарсија за следната сезона.

Во понеделеник напладне Гарсија ќе ја има и официјалната презентација на „Сантијаго Бернабеу“. Потписот на Гарсија не е изненадување затоа што него го најави Карло Анчелоти уште пред завршувањето на сезоната.

Изминатата сезона Гарсија ја помина во Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски, а со Реал Мадрид сега потпиша договор на четири години. Гарсија во минатото беше член на младинската академија на Реал Мадрид каде што пристигна на само 14 години и се задржа до 2020 година. Дебито за сениорскиот тим го имаше во 2018-та.