Манчестер Јунајтед го очекува избор на нови газди

Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед до крајот на неделава може да добие нов сопственик, најавуваат медиумите во Англија.

Според наведеното, британскиот милијардер, Сер Џим Ретклиф, е главниот фаворит иако инвеститорите од Катар на чело со шеикот Џасим бин Хамад ал Тани, дале нова понуда која е блиску до шест милијарди фунти што ги бара семејството Глејзер.

Процесот на продажба на Манчестер Јунајтед започна уште во ноември а навивачите се надеваа дека ќе биде завршен пред отворањето на летниот преоден рок на 14 јуни.