Мбапе му соопштил на челниците дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ
Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе изјави дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ, за кој настапува од 2017 година, објави „L’Equipe“. Сегашниот договор завршува во 2024 година.
Во договорот на играчот со клубот постои опција за продолжување на договорот за една сезона, но Мбапе не сака да ја активира таа клаузула од договорот. Фудбалерот синоќа испратил официјален допис до клубот, во кој вели дека под никакви околности нема да остане во тимот уште една година.
Доколку Мбапе навистина не го продолжи договорот, тогаш парискиот клуб најверојатно летово ќе се обиде да го продаде играчот, за тој да не замине како слободен играч следното лето. Во сезоната 2022/23 во Лига 1, Мбапе настапи на 34 натпревари, постигнувајќи 29 гола и давајќи пет асистенции.