Шкрињар го потврди трансферот во Париз
Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар, пред натпреварот на репрезентацијата на Словачка против Исланд потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен.
На 1 јули му истекува договорот со миланскиот клуб и како слободен играч ќе се пресели на „Паркот на принцовите“.
Според информациите, 28-годишниот дефанзивец потпишал четиригодишен договор со ПСЖ.
„Веќе се чувствувам добро, но без игри не можете да го најдете вашиот ритам. Ако тренерот сака да ме пушти, ќе му помогнам на тимот бидејќи сум подготвен. Да видиме што ќе се случи во Париз, во ПСЖ, но најважно е да се чувствувам добро“, рече Шкрињар на прес-конференцијата во пресрет на европскиот квалификациски натпревар Словачка – Исланд.
Минатата сезона Словакот одигра 31 натпревар за Интер со една асистенција.