Мурињо останува тренер на Рома
Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на фудбалскиот клуб Рома, Жозе Мурињо, ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија за преземање на екипата на Ал Ахли, и најверојатно ќе остане тренер на Рома.
Информациите велат дека португалскиот стручњак неодамна во Лондон имал состанок со челниците на Ал Ахли кои му понудиле износ од дури 120 милиони евра за две сезони, ако се согласи да ја води оваа екипа во наредниот период. Меѓутоа Мурињо претходно се обврзал дека ќе остане во Рома и ќе ја продолжи својата работа калчолигашот.
Мурињо за тренер на Рома беше назначен во 2021 година, а негови најголеми успеси со овај клуб се освојувањето на Лигата на Конференции во 2022. година.
Оваа година Рома под негово водство играше во финалето од Лига Европа каде беше поразена од шпанска Севиља.