Давид Раја нов голман на лондонски Арсенал

Eкипата на Арсенал го договори и четвртото засилување за ова лето, во прашање е голманот Давид Раја.

Раја пристигнува од Брентфод за сума од 30 милиони евра и веќе утре би требало да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор со „топџиите“. Во прашање е одличен голман, репрезентативец на Шпанија, има 27 години и ќе биде сериозна конкуренција за Арон Рамсдајл.

Уште како тинејџер Раја пристигна во Англија кога во 2012 година потпиша за Блекбурн, потоа собираше искуство во Соутпорт, а во 2019 година го доведе Брентфорд.

Беше еден од најзаслужните за историскиот пласман во Премиер лигата, а веќе две сезони е еден до најдобро оценетите голмани во Премиер лигата. Току поради тоа на Островот сметаат дека може да има солидна минутажа и покрај тоа што Рамсдајк е недопирлив кај Артета.

Сепак, голман од 30 милиони евра во своите најдобри години веројатно не е опција само за куп натпревари, па останува да се види како Артета ќе ги подели улогите.