Бразилецот Марсело казнет со три меча неиграње заради кобниот црвен картон
Марсело е суспендиран на три натпревари откако го повреди дефанзивецот на Аргентинос Јуниорс, Лучијано Санчез во првиот осминафинален натпревар од Копа Либертадорес (1-1) во Буенос Аирес минатата недела, објави Ројтерс. Според одлуката на Јужноамериканската фудбалска конфедерација, поранешниот играч на бразилската репрезентација ќе треба да плати казна од 6.000 долари.
Марсело при еден дриблинг кон Санчез, Аргентинецот посегна по топката, а Бразилецот правејќи финта високо нагази на противничката потколеница. Ногата на играчот на Аргентинос Јуниорс се свитка, поради што веднаш падна на теренот. Санчез го напушти теренот на носилки со скршеница за која тимскиот лекар рече дека никогаш не ја видел. Екс играчот на Реал Мадрид по инцидентот беше исклучен и со солзи го напушти теренот.
„Денес имав многу тежок момент на теренот. Ненамерно повредив друг играч. Сакам да му посакам најдобро закрепнување“, напиша 35-годишниот Марсело на една од социјалните мрежи неколку часа подоцна.