Леао по секоја цена сака да остане во Милано

Крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао, зборуваше за својата иднина, а исто така ја истакна желбата да освојува трофеи со росонерите.

„Мојата иднина е во Милано. Сè уште сум со четиригодишен договор. Милан ми помогна кога се најдов во многу тешка ситуација, ме поддржаа. Не заборавам, посветен сум. Дојдов овде како дете, тука пораснав како човек и како фудбалер. Сакам повторно да победам, мојата глава е тука. За да пораснам, морам да освојувам важни трофеи како Лигата на шампионите или Лига Европа. Кога си во Милан, мораш да го направиш тоа, не е избор, тоа е обврска, да го оставиш своето име во историјата. Што се однесува до Лига Европа, таму има многу силни тимови, но ние имаме јасна идеја во нашите глави: да стигнеме до финалето и да победиме“, изјави Рафаел Леао.

Да потсетиме, Леао сезонава учествуваше на 33 натпревари на сите турнири, на кои постигна девет гола и осум асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 90 милиони евра.