Педри и Де Јонг повредени во Билбао, ги чека пауза од неколку натпревари

Барселона одигра 0-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао и загуби двајца од своите клучни играчи поради повреди. Играчите од средниот ред Френки де Јонг и Педри мораа да бидат повлечени од игра веќе во првото полувреме.

Холанѓанецот Френки Де Јонг беше заменет во 26. минута откако згазна на десната нога по дуелот со противничкиот играч, додека шпанскиот репрезентативец Педри во солзи го напушти теренот непосредно пред паузата поради можна повреда на десната нога. Ова е деветта повреда на мускулот што ја заработи 21-годишниот Педри од крајот на сезоната 2020/2021.

„Тажен ден е“, изјави тренерот на Барселона Чави Ернандез за телевизијата „Мовистар плус“. „Во текот на денот ќе знаеме повеќе за повредите на двајцата, но работите не изгледаат добро. Тоа што се случи нè погоди и двајцата веројатно ќе пропуштат неколку натпревари“, додаде Чави.