Поведена постапка против првиот човек на италијанскиот фудбал

Римското обвинителство води истрага против претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина поради наводна проневера и перење на пари поврзани со ТВ правата.

Гравина кој доброволно се сретнал со обвинителите ги негира обвиненијата. Имено, тој е обвинет дека противзаконски користел пари од продажбата на ТВ правата во 2018 година кога ја водеше третата дивизија.

„Баравме сослушување и предадовме документација за да покажеме дека нашиот клиент е невин. Се рачиствивме и сигурни сме дека вистината набрзо ќе излезе на виделина“, соопштија адвокатите на Гравина. 

Гравина на чело на италијанскиот Фудбалски сојуз е од 2018 година, а во април 2021 е избран во извршниот комитет на УЕФА со функција на потпретседател.