Никоа Вилијамс за 50 милиони се сели во Челзи
Англиските медиуми објавија дека Челси е подготвен да тргне по потписот на крилниот фудбалер Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.
Откупната клаузула на Вилијамс е 50 милиони евра, а 21-годишниот фудбалер има одлични настапи оваа сезона со Атлетик билбао и веќе запиша седум голови и 10 асистенции во сите натпреварувања.
Атлетик е подготвен за можност да го загуби Вилијамс, па веќе тргна по потписот на Алваро Дјало од Брага.
Челси бара и нов напаѓач, а изборот наводно паднал на Виктор Осимен од Наполи, меѓутоа за реализација на тој трансфер ќе треба да се почека до лето.