Дибиров и следната сезона ќе игра за Загреб
Во изјава за „Balkan-handball“ левото крило на руската
репрезентација, Тимур Дибиров потврди дека, во договор со
семејството, се согласил на уште една сезона во дресот на Загреб.
Дибиров игра одлична сезона и со првакот на Хрватска ќе се бори за
четвртфинале на Лигата на шампионите во двомечот против
Монпелје. Русинот е втор најдобар стрелец во историјата на Лигата на
шампионите зад нашиот Кирил Лазаров.
Пред да дојде во Хрватска, Дибиров девет години играше за Чеховски
Медведи и девет во Вардар. Со македонскиот шампион Русинот
двапати стана европски првак.