Интер и Милан првпат ќе играат дерби во понеделник
Претстојното Дерби „Дела Мадонина“ од 33. коло во Серија А, во кое ќе играат двете првопласирани екипи на табелата во Серија А, односно Интер и Милан, ќе се одигра на 22 април, понеделник, според објавената програма за следните три кола од Италијанската елита. Така, за прв пат во историјата двата милански гиганти ќе се соочат во понеделник.
Симболичниот домаќин Милан побарал натпреварот да се одигра на тој датум бидејќи нивниот реванш четвртфинален натпревар од Лигата на Европа против Рома се игра во четврток, на 16 април. Од друга страна, ниту Милан, ниту Интер нема да играат во полуфиналето на Купот на Италија, чии реванш натпревари ќе се играат на 23 април, вторник и 24 април, среда.
Токму поради меѓусебното полуфинале на 23 април, Јувентус и Лацио натпреварите од шампионатот ќе ги одиграат на гости кај Каљари, односно Џенова, веќе на 19 април, петок.
Куриозитет е што постои опција во која Интер и официјално може да ја обезбеди титулата во дербито со Милан. За таа цел, пред овој натпревар, а за таа цел до тој натпревар треба двете екипи да не загубат. Пред дербито „нероаѕурите“ играат против Емполи и Удинезе, додека „росонерите“ со Фиорентина и Лече.