Коке потпиша нов договор со Атлетико Мадрид
Атлетико Мадрид обезбеди уште еден важен потпис откако денеска соработката ја продолжи капитенот Коке.
Фудбалерот за врска имаше договор до крајот на сезоната, меѓутоа двете страни се договорија да ја продолжат соработката на уште една година со клазула за автоматско продолжување до 2026 година, ако Коке одигра одреден број натпревари. Атлетико потписот на Коке го потврди со видео во кое порача. „Историјата продолжува“.
„Ако сакав можев да заминам многу пати. Имав понуди, но мојата желба секогаш била да бидам дел од Атлетико“, изјави Коке.
Во редовите на Атлетико Коке пристигна во 2009 година и од тогаш собра 626 натпревари и постигна 47 гола.