ФК Пелистер го прослави своето враќање во Првата Македонска Фудбалска Лига
После неколку години игра во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) Фудбалскиот клуб Пелистер се врати на голема врата во прволигашкото друштво. Екипата на Пелистер на две кола пред крајот во Втората лига успеа да обезбеди своја промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПФМЛ) со што Битола ќе може да ужива во прволигашки фудбал. Враќањето на Пелистер во првата лига доаѓа во вистинско време кога стадионот “Петар Милошевски” во Битола конечно блесна во полн сјај со што се зголеме веројатноста дека од есен ќе гледаме натпревари под рефлектори во Битола.
Во опуштена атмосфера и видно расположение во ресторанскиот дел на комплексот Голд Фелициа фудбалерите и управата на ФК Пелистер го прославија враќањето на тимот во клубот на прволигашите.
Од почетокот на сезоната 2023/2024 Евротип официјално е нов спортски пријател и спонзор на клубот чие лого го краси дресот и стадионот во целиот период на сезоната. Евротип важи за компанија која е позната по инвестирање во спортот, а особено на брендот “Пелистер”. Евротип го препозна проектот на ФК Пелистер и како бетинг спонзор гордо застана зад амбициите и очекувањата на клубот кон патот до успехот.