Родриго демантира дека ќе си замине од Реал

Бразилскиот напаѓач во екипата на Реал (М), Родриго најави дека нема намера да го напушти Реал Мадрид и покрај гласините за негово заминување од „Бернабеу“.

„Секако дека останувам во Реал Мадрид. Зошто да заминам? Останувам“, изјави Родриго по победничкото финале во Лигата на шампионите.

Претходно Бразилецот на прашање за Манчестер Сити рече дека тие се најдобриот тим во светот.

По ова стана јасно дека „граѓаните“ се заинтересирани за напаѓачот, но очигледно ова лето Родриго планира да остане во редовите на европскиот првак.