Павловиќ доби нов договор во Минхен
Бундеслигашот Баерн Минхен објави денеска продолжување на договорот со фудбалерот од средниот ред Александар Павловиќ до лето 2029 година.
Минатата сезона, играчот од средниот ред забележа 22 настапи за Баерн, постигнувајќи два гола, а додаде и две асистенции.
Дваесетгодишниот Павловиќ се најде на поширокиот список на Германија за Европското првенство, но во последен момент отпадна од списокот поради воспаление на крајниците.