Тиаго Мота не смета на Киеза, репрезентативецот на трансфер листа

Новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота oдлучил да направи промени во тимот па така најверојатно ќе си замине и Федерико Киеза.

Според последните информации кои ги објави италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо. Киеза не е во плановите на Мота и може да си замине за сума од 25 милиони евра. Киеза има договор со Јувентус уште една сезона, па затоа и сумата не е голема.

Во ваква ситуација сигурно дека ќе се појават повеќе клубови кои ќе бидат заинтересирани да го доведат Италијанецот.

Киеза во Јувентус е од 2020 година и во тој период на 131 натпревар постигна 32 гола и подели 23 асистенции. Во минатата сезона на 37 натпревари постигна десет гола и запиша три асистенции.