Наместо во Монако, Грузиецот Микаутадѕе потпиша за Лион
Георги Микуатадзе воодушеви на Европското првенство. Грузиецот, постигна три гола и беше еден од најдобрите стрелци на турнирот.
Беше јасно дека заминува од Мец, но медиумите тврдеа дека ќе се пресели во Монако бидејќи веќе имаше договор со клубот од „кнежевството“.
Во Кнежевството го чекаа на лекарски преглед и потпишување на договорот, но Грузиецот во последен момент се одлучи за Лион.
Преговорите со Лион оделе брзо и тие ја израмниле понудата од 25 милиони евра, па такс и Мец дал зелено светло за реализацијата на трансферот.