Чалоба од Челзи се сели во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, пренесуваат англиските  медиуми.

Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на „Црвените Ѓаволи“.

Тој не добива голема минутажа во Челзи и сака да ја промени средината, а Челзи е спремен да го продаде за 25 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед ова лето ќе прави реконструкција на одбраната и верува дека Чалоба би бил одлична долгорочна инвестиција.