Гундоган и Левандовски се повредија пред стартот на Примера

Синоќа на натпреварот за Купот Жоан Гампер, Барселона играше со Монако на стадионот „Олимпик Луис Компани“ во Барселона. Натпреварот заврши со победа на Монако со резултат 3-0. Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Илкај Гундоган се здобија со повреди за време на натпреварот, пренесува „Диарио спорт“.

Полскиот интернационалец во првото полувреме падна на неговата рака. Тој го продолжи натпреварот, но беше заменет во вториот дел.

Германскиот играч за врска влезе на теренот по паузата и во 64. минута додека се бореше за топката падна на тревникот и беше удрен со колено од противнички играч во главата. Фудбалерот се здобил со расекотина. Поради тоа Гундоган го нашушти теренот.

Купот Жоан Гампер е пријателски турнир што го организира Барселона секоја година. За прв пат се играше во 1966 година на иницијатива на претседателот на Барселона, Енрике Лода. Трофејот го доби името на легендарниот претседател и основач на Барселона, Жоан Гампер.