Фламенго го претстави Алекс Сандро

Досегашниот играч на Јувентус Алекс Сандро потпиша договор со Фламенго до декември 2026 година.

„Тој има десетици трофеи на своето резиме и сега има само една цел – да освои повеќе во црвено-црниот дрес. Добредојден Сандро“, објави Фламенго.

Сандро во бразилскиот клуб дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Јувентус.

Поранешниот бразилски репрезентативец ја започна својата кариера во својата татковина во Атлетико Паранаенсе, и играше две сезони во Сантос заедно со Нејмар (2010, 2011), пред да се пресели во Порто.

По четири години минати во Порто, во 2015 година потпиша за Јувентус, за кој одигра 327 натпревари и постигна 16 голови. Со црно-белите освои 12 трофеи од кои шест шампионски титули.