Влаховиќ одби да игра за српската репрезентација во Лигата на нации

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, нема да биде дел од репрезентацијата на Србија на почетокот на новото издание од Лигата на Нации каде Србите ќе играат против Шпанија и Данска во септемврискиот циклус.

Влаховиќ преку својот Инстаграм профил потврди дека нема да настапи за Србија.

„Денес го известив стручниот штаб дека од семејни причини нема да бидам во можност да одговарам на повикот на селекторот за претстојните натпревари од Лигата на Нации против Шпанија и Данска“, објави Влаховиќ.

Сепак сите се прашуваат дали има нешто многу подлабоко во одбивањето на повикот на Влаховиќ. На 5-ти септември, Србија ќе го пречека европскиот првак Шпанија во Белград, а три дена подоцна ќе и гостува на Данска.