Лени Јоро заздравува според планот, наскоро ќе биде спремен за настап

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сподели дека закрепнувањето на новото засилување Лени Јоро оди добро.

Францускиот дефанзивец беше купен од Лил летото, но заработи фрактура на левата нога, поради што допрва треба да дебитира официјално за „црвените ѓаволи“.

„Лени Јоро се снаоѓа многу добро. Убаво е што неговата рехабилитација оди во вистинска насока. Тој ќе биде подготвен за игра наскоро. Мислам дека тој се опоравува правилно и наскоро го очекуваме на теренот“, додаде Тен Хаг.