Драконска казна за италијанската ватерполо репрезентација
Италијанската машка ватерполо репрезентација е суспендирана на шест месеци од Одделот за интегритет на водни спортови (AQIU) поради инцидентот во кој беа нападнати судии на Олимписките игри во Париз.
Во четвртфиналето на олимпискиот турнир, Италија загуби од Унгарија по изведувањето пенали, а еден од клучните моменти се случи на крајот на втората четвртина кога судиите го исклучија италијанскиот репрезентативец Франческо Кондеми поради груб прекршок.
Судиската одлука предизвика гневни реакции во италијанскиот табор, како и физички напад врз официјалните лица по завршување на натпреварот.
„Италијанскиот селектор Сандро Кампања и дел од играчите вербално и физички ги нападнаа судиите и делегатите на паркингот пред базенот по натпреварот“, соопшти AQIU.