Матео Габија верен на Милан до 2029 година

Дефанзивецот Матео Габија го обнови договорот со Милан до јуни 2029 година, информира италијанскиот фудбалски гигант.

Габија, кој и се приклучи на Академијата на росонерите на 12-годишна возраст, се наметна во првиот тим откако се врати од позајмица во Виљареал во јануари. 25-годишниот фудбалер забележа 25 настапи во сите натпреварувања во втората половина од минатата сезона и одигра осум натпревари оваа сезона, откако пропушти неколку недели поради повреда.

Во септември, Габија постигна незаборавен гол во победата од 2-1 над Интер во Дерби дела Мадонина.