Раниери го чека Дибала за да ја подигне Рома оваа зима

Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, проговори за враќањето на напаѓачот Паоло Дибала, кој паузираше извесен период поради повреда.

„Дибала тренираше малку во последните 20 дена. Тој полека ќе се врати во кондиција и ќе игра полни 90 минути“, вели тренерот на „волчицата“.

Италијанскиот тим в четврток го очекува меч на домашен терен против Брага во рамките на Лига Европа. Се очекува Дибала да биде во стартната постава.