Македонија ја доби групата за квалификациите, Белгија најсилен ривал

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Белгија, Велс , Казахстан и Лихтенштан во рамките на групата – Ј во квалификациите за Светското првенство во 2026 година кое ќе се организира во САД, Канада и Мексико.

Денешната ждрепка во Цирих не смести во една од групите во која ќе играат пет селекции. „Црвените ѓаволи“ предводени од големите ѕвезди: Куртоа, Де Бруин и Лукаку, се главните фаворити за првото место додека Велшаните според рејтингот се наметнуваат како втори. Казахстан и Лихтенштајн се во улога на аутсајдери

Во нашата група мечевите ќе започнат да се играат во март догодина.