Бобан Илиоски е спортист на Град Скопје за 2024 година
Град Скопје денеска ги прогласи најдобрите во областа на спортот за 2024 година. Во сениорска категорија, првата награда му припадна на Бобан Илиоски (кик-бокс), втората на атлетичарот Дарио Ивановски а третата на шахистот Тони Лазов.
Во категоријата најуспешни спортисти во младинска категорија, најдобар е Силвио Мировски (Кик Бокс), пред каратистот Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски. Признанието за најдобар тренер го доби Дејан Митровски од Кикбокс клубот „Шампион“ додека во категорија Лица со попреченост, наградата ја освои Стоилко Стоицев – Планинарски спорт за искачување на врвови над 6.000 метри. За категориите Најуспешен спортист-странец и Најдобра екипа, не беа доделени награди.
На добитниците им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 150.000 денари, како признание за нивните достигнувања и успешни резултати во текот на годината.