Милан ќе го купи најдобриот стрелец на Феенорд
Милан ги држи отворени опциите за нов напаѓач, иако полека се затвора зимскиот преодн рок. Како што информираше Скај Спорт Италија, преставници на Милан отпатувале во Холандија за да го затворат трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд, а други претставници се во Италија каде се обидуваат да го убедат и Удинезе да им го продаде Лоренцо Лука.
Последниот рок за купување нов напаѓач е понеделник навечер. Алваро Мората е на чекор до трансфер во Галатасарај за 16 милиони евра, а Франческо Камарда е блиску до позајмица во Монца.
Хименез е прв избор на Милан, па Феенорд за него веќе постави цена од 40 милиони евра. Првичниот предлог од 20 милиони евра плус додатоци кој Милан го достави за Мексиканецот веднаш беше одбиен.