Анчелоти: Не смееме да мислиме дека ја завршивме работата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата над Манчестер Сити (2-3) во првиот натпревар од плеј-оф рундата од Лигата на шампионите, истакна дека на екипите им претстои реванш и дека не е ништо готово.

Победивме на гостински терен, но би било погрешно да мислите дека веќе сме ја завршиле работата. Ова беше само прв натпревар од пресметката. Реал добро се бранеше, сите работеа напорно. Тимот покажа ефикасност во нападот. Не се откажавме кога губевме во два наврата. Можевме и подобро. Не очекува уште еден тежок меѓусебен дуел. Не смееме да го изгубиме фокусот, изјави Анчелоти.

Реваншот ќе се одигра во Мадрид на 19 февруари. Победникот од оваа двомеч ќе игра во 1/8 финалето против Атлетико или Баер./МИА
ADVERTISING