Чеферин: Сите се задоволни од новиот формат во ЛШ

Претседателот на Eвропсската фудбалска асоцијација ( УЕФА ) Александар Чеферин смета дека новиот формат на Лигата на шампионите веќе ја докажал својата ефикасност.

„Слушнав само позитивни повратни информации за новиот формат на Лигата на шампионите. На почетокот имаше повеќе критики, кои се појавуваат секогаш кога ќе се случат промени. Верувам дека во моментов 99% од луѓето се задоволни од новиот формат на Лигата на шампионите.

Натпреварот стана уште понепредвидлив до последен момент не се знаеше кој се квалификуваше. Тоа е тотален успех, рејтингот во Лигата на шампионите е одличен. Сите три турнири, вклучително и Лига Европа и Конференциска лига се успешни.

Спонзорите се задоволни што гледаат повеќе тимови кои учествуваат на овие турнири. Сега тие се уште пожелни да се приклучат и да инвестираат во натпреварите на УЕФА. Истото важи и за телевизијата и другите радиодифузери кои ги покриваат натпреварите“, рече Чеферин, во изјава за „Марка“.

Новиот формат на Лигата на шампионите стартуваше со почетокот на тековната сезона.