Серија А нема да го намали бројот на клубови од 20 на 18 клубови

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, кој неодамна беше реизбран, најави дека намалувањето на бројот на екипи во Серија „А“ од 20 на 18 не е тема за која се разговара.
„Ова е објективно барање на системот. Одржливоста бара проект. Овој формат има свои слабости. Намалувањето на Серија „А“ од 20 на 18 тимови не е тема за која се разговара. Наместо тоа, размислуваме за други опции, како на пример во Серија „Б“, каде што има плеј-оф и плеј-аут, што принудува многу тимови да прават поголеми трошоци поради страв од испаѓање на нивните тимови во Серија „Ц“. Ние сме должни да ги зачуваме шампионатите“, прокоментира Гравина, цитиран од весникот „Газета дело спорт“.
Инаку, Умберто Калкањо дел Аик и Даниеле Ортолано беа реизбрани за потпретседатели на федерацијата.