Џарад Брантвајт на мета на големиот Реал

Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе мора да доведе засилување во одбраната, а главен кандидат за оваа позиција е фудбалерот на Евертон и англиски репрезентативец, 22-годишниот Џарад Брантвајт.
Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на сезоната, а договорите на Рудигер и Алаба истекуваат во јуни следната година, па во Мадрид мораат да размислуваат за подмладување на последната линија.
Тренерот Анчелоти добро го познава Брантвајт бидејќи соработуваше со него во Евертон и под негово водство тој дебитираше во Премиер лигата.
Сепак, „карамелит“ бараат висока оштета за англискиот репрезентативец бидејќи неговиот договор има важност до јуни 2027 година и има опција да го продолжи на уште една сезона.
Британските медиуми наведуваат дека Евертон не сака да разговара за продажба на својот фудбалер под сума од 85 милиони евра.