Ковачиќ ќе го замени Сити со Атлетико?

Хрватскиот фудбалски репрезентативец и фудбалер Матео Ковачиќ оваа лето би можел да го напушти Манчестер сити и да потпише за Атлетико Мадрид.

Искусниот Ковачиќ од 2015 до 2019 година играше за Реал Мадрид, кум му е капитенот на Кралскиот клуб, Лука Модриќ, а од следната сезона може да го облече дресот на лутиот градски ривал на најтрофејниот клуб.

Во Атлетико сметаат дека Ковачиќ би можел да биде одлично пополнување по најавеното заминување на Родриго Де Пол.

Договорот на Ковачиќ со Сити е до јуни 2027, па Атлетико ако сака да го купи, ќе мора да плати и отштета од 30-тина милиони евра. Интерес за Матео има и од Фенербахче, но Хрватот преферира да остане во топ 5 лигите.

Јорганџиите се заинтересирани за уште еден играч од Премиер лигата, тоа е напаѓачот Дарвин Нуњез од Ливерпул.